Во повеќе делови од земјава е формирана снежна покривка особено во западните, каде што снежните врнежи беа пообилни.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од -4 до 3 степени.

