29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВеганска компанија нуди парична награда на „најголемиот месојад“ дoколку се откаже од...

Веганска компанија нуди парична награда на „најголемиот месојад“ дoколку се откаже од месо

Веганска компанија понуди на „најголемиот месојад во Велика Британија“ шанса да заработи 50.000 фунти, доколку тој, за возврат, стане веган за три месеци.

„Vibrant Vegan“ неодамна објави дека бара „вегански љубопитен координатор“, радикален месојад кој е подготвен да доживее исклучиво вегански начин на живот најмалку три месеци.

Избраното лице ќе треба да потпише договор во кој ќе се обврзе да не конзумира храна од животинско потекло три месеци, додека истовремено ќе ги охрабри другите на социјалните мрежи да пробаат вегански начин на живот. Платата за овој ангажман е 50 000 фунти.

„Како што влегуваме во новата година, ние во Vibrant Vegan сакаме да ги покажеме не само здравствените и еколошките придобивки од веганизмот, за кои толку многу слушаме, туку и да нагласиме дека веганската храна може, и треба да ја уживаат сите – дури и и најголемиот љубител на месо во Велика Британија“, рече Јан Бурк-Хамилтон, основач на Vibrant Vegan. Идејата да се претвори некој што ужива во месото во вегански љубопитен координатор барем на некое време е инспирирана од истражувањето спроведено на 15.000 луѓе кои јадат месо, во кое 34 проценти од испитаниците признале дека се „љубопитен веган“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП