24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард ги потврди прогнозите за заздравување на еврозоната во 2021 година

Лагард ги потврди прогнозите за заздравување на еврозоната во 2021 година

Економијата во еврозоната ќе се опорави оваа година, под услов пандемиските мерки да бидат укинати до крајот на март и да се дистрибуираат вакцини против Ковид – 19, рече во средата претседателката на Европската централна банка(ЕЦБ).

ЕЦБ во декември објави дека очекува годинава економијата во еврозоната да порасне за 3,9 проценти, предвидувајќи постепен крај на пандемијата, потсетува Ројтерс.

Уште во средината на јануари оваа година, изгледите за закрепнување беа намалени поради повторно зголемениот број на заразени од Ковид-19 и зголемувањето на мерките за ограничување на движењето и активноста во земјите од еврозоната, вклучувајќи ги Германија и Франција, како и бавната кампања за вакцинација.

Кристин Лагард, сепак, ги потврди економските прогнози на ЕЦБ од декември, велејќи дека тие се засноваат на претпоставка за одредени ограничувања.

„Јас сум на мислење дека нашите најнови проекции од декември се уште се во голема мера веродостојни. Тие се темелат на претпоставката дека ограничувачките мерки ќе останат на сила во првиот квартал “, порача Лагард на конференцијата „Reuters Nexta“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП