среда, јануари 20, 2021
1 °c
Skopje
0 ° сре
2 ° чет
5 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 690.00 1.62%    ALK 13,875.89 0.03%    FERS 61,000.00 0%    GRNT 1,151.52 1.82%    KMB 7,800.00 -0.22%    MTUR 4,551.00 9.22%    REPL 110,000.00 4.76%    STB 1,148.35 -0.06%    TEL 317.56 0.18%    TKVS 4,900.00 0%    TNB 18,800.13 0.35%    ZPKO 2,911.00 0%    


Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да ги знаат учесниците во сообраќајот

јануари 14, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да ги знаат учесниците во сообраќајот
72
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Законот за безбеденост на сообраќајот на патиштата, како и секој друг закон е жива материја која постојано се менува и дополнува согласно новонастанатите услови и утврдените фактички состојби и потреби при неговата секојдневна примена.

Со  цел информирање на учесниците во сообраќајот РСБСП  со појаснување на најновите измени на ЗБСП кои веќе стапија во сила.

Во прв план,  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок. Притоа важно е да се потенцира дека  за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки, (возење под дејство на алкохол, непочитување  на правилата за ограничување на брзината, итн.)  висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице, за сторен сообраќаен прекршок, изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.

Покрај тоа, измените на ЗБСП предвидуваат и низа други новини од кои посебно се издвојува тоа што се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет.  Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат:

           •  Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска  патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека,  односно друга површина наменета за движење на пешаци.( се забранува движење со тротинет на коловоз)

           •  Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.

          •   Електричен тротинет може да управува лице кое  навршило 14 години возраст.

          •   Возачот на електричен тротинет треба да носи  заштитен шлем на главата за време на управувањето на  возилото. ( треба, но нема санкција за не носење)

         •    Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на  намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.

        •     На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.“

Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање на возачи дозволи изнесува 75 години,  наместо 70 како што беше досега со тоа што  возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години. 

Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.

Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.

Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година,  откако  му е изречена санкција –  забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, тогаш  ќе му биде изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола за  истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.

 Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола,  за период од една година од изречувањето на првата санкција,  стори друг  прекршок  за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија.

Потсетување дека  санкцијата  забрана за управување на моторно возило  се однесува  за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30  километри на час над дозволената, итн.)

РСБСП со апел: Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи!

Тагови: законсообраќајтротинет
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Што се крие позади корекцијата на пазарот на криптовалути?

Следна Објава

Лагард ги потврди прогнозите за заздравување на еврозоната во 2021 година




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари
ЕКОНОМИЈА

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

јануари 19, 2021
55
Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

јануари 19, 2021
182
Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

јануари 19, 2021
296
Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата
ЕКОНОМИЈА

Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

јануари 19, 2021
27
Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)
ЕКОНОМИЈА

Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

јануари 19, 2021
496
„BMW M“ забележа рекорд според продажбата
АВТОБИЗ

„BMW M“ забележа рекорд според продажбата

јануари 19, 2021
78

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

јануари 19, 2021
Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

јануари 19, 2021
Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

јануари 19, 2021
Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

јануари 19, 2021
Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

јануари 19, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Откриен вид на коронавирус кој поради бројните мутации може повторно да ги зарази веќе закрепнатите пациенти од Ковид-19

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 19.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 19.01.2021

јануари 19, 2021
901
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
910





Следна Објава
Лагард ги потврди прогнозите за заздравување на еврозоната во 2021 година

Лагард ги потврди прогнозите за заздравување на еврозоната во 2021 година

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани