10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик група оствари раст на приходите од продажба во првите 6 месеци...

Атлантик група оствари раст на приходите од продажба во првите 6 месеци од 2013 година

ag

Атлантик група во првото полугодие на 2013 година оствари приход од продажбата во износ од 322,8 милиони евра,  што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 3,3 проценти.

Добивката пред оданочување порасна на  29,2 милиони евра, што е за 5,2 проценти во однос на истиот период  минатата година, додека нето добивката после исплатата на дивидендата на индивидуалните акционери изнесува  15,3 милиони евра , благодарение на значително намалените трошоци за камата после успешното рефинансирање на кредитните обврски.
За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група најмногу допринеле  стратешките деловни единици за спортска и активна прехрана (16,9 проценти), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Швајцарија, и деловната единица за Здравје и нега (3,6 проценти) која бележи раст на рускиот пазар и покрај промената на дистрибутерот со што е надокнадена изостанатата продажба во првиот квартал. Деловната единица „Слатко и Солено“ пораснала за 3,4 проценти, со значаен раст во продажбата на категориите флипс, кекси и чоколадо на пазарот во Србија и Македонија. Кафето како најголема поединечна категорија со 67,5 милиони евра приход од продажбата остварила 1,7 проценти подобар резултат во однос на истиот период минатата година. Пазарот во Хрватска во овој сегмент продолжува да бележи двоцифрен раст на продажба на трговската марка Barcaffe.

Атлантик Група во првата половина на годината оствари раст на приходите од продажба и покрај економските предизвици во регионот и пошироко. Исклучително сме задоволни од континуираниот органски раст во работењето, а посебно сме задоволни од растот на приходите од продажбата на пазарите во Русија, бившите советски републики, како  и на клучните европски пазари што е потврда за успешното зајакнување на позицијата на брендовите на Атлантик Група на меѓународните пазари“, изјави потпретседателот  на Атлантик Групата одговорен за финансии, г. Зоран Станковиќ.

Првото полугодие во 2013 ги одбележа имплементацијата на новите комерцијални услови на пазарот во Хрватска, како и ширењето на портфолиото. Така во стратешката деловна единица Пијалоци е лансиран новиот производ – Cockta Chinotto, додека  Аргета како лидер во категоријата Деликатесни намази влезе на пазарот во Шпанија. Стратешки деловната единица Здравје и нега го зголеми асортиманот на брендот „Dietpharm“ за пет производи како и два нови производи од асортиманот „Neve“, додека  „Спортската и активна исхрана“ го прошири асортиманот на сопствените производи на пазарот во Германија, Австрија и Швајцарија.

Анализирајќи ги пазарите, најголемиот раст е направен во Русија и бившите советски републики (26,8 проценти) со што овој пазар во вкупните приходи на групата сега остварува 5,6 проценти од вкупните приходи од продажбата. Вториот најголем раст  е остварен во Словенија (6,9 проценти). Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија),кои сочинуваат 12,8 проценти од вкупните приходи од продажба, исто така оствариле значаен раст од 6,7 проценти.

Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажбата со 24,4 проценти, а по него следи пазарот во Србија со 24,0 проценти. Словенија  е трет по големина пазар со 12,8 проценти, а по него следат  БиХ со 7,6 проценти и останатите регионални пазари со 6,2 проценти.

Сопствените трговски марки на Атлантик Групата учествуваат во продажбата со 72,6 проценти, дистрибуцијата на производи на трговските марки принципали со 14,0 проценти, аптекарскиот ланец  „Farmacia“ со 6,3 % , додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и странство во вкупниот приход  од продажбата учествуваат со по 7,1 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП