25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најиновативните економии во светот

Кои се најиновативните економии во светот

Германија е прогласена за најиновативна економија во светот, откако по шест години го презема првото место од Јужна Кореја.

Неодамнешното рангирање на Блумберг ги покажува најиновативните земји според вредноста на индексот.

Германија се најде на врвот на листата во 2020 година, со што се прекина шестгодишната доминација на Јужна Кореја. Соединетите држави се наоѓаат на деветтото место, губејќи едно место во споредба со 2019 година.

Рангирањето вклучува фактори како што се трошоците за истражување и развој, бројот на домашни пријави за патенти и бројот на домашни јавни високотехнолошки компании.

Како што покажува табелата, Германија постигнала 88,21 од можни 100 поени.

Сингапур и Данска беа земјите со најголем напредок меѓу најдобрите 10, искачувајќи се по три позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП