26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААлгоритам кој погаѓа за која политичка ориентација сте врз основа на вашето...

Алгоритам кој погаѓа за која политичка ориентација сте врз основа на вашето лице?

Во блиска иднина, ќе биде доволно алгоритмот само да го проучи вашето лице и да знае на која политичка струја припаѓате и кои се вашите политички ставови. Така вели Михал Косински, научник од Универзитетот Стенфорд.

Во својата најнова студија, објавена во понеделникот во научното списание „Scientific Reports“, Михал Косински тврди дека алгоритмите за препознавање на лице можат да се научат да ги препознаваат политичките ставови на поединците само врз основа на проучување на карактеристиките на нивните лица. Косински посочува дека во студијата, тој постигнал 72 процентна точност во препознавањето на коja политичка струја припаѓаат испитаниците во САД, Велика Британија и Канада – либерална или конзервативна.

Косински користел лица на повеќе од милион профили на Фејсбук и страници за пронаоѓање партнери, а неговиот алгоритам успешно ја погодил политичката ориентација на поединците со скоро три четвртини ефикасност.

Најважните карактеристики на лицето во откривање на политичката припадност, освен возраста, полот и етничката припадност, биле ориентацијата на главата и емоционалните изрази, се наведува во студијата.

Исто така, студијата посочува дека либералите гледаат директно во камерата и изгледаат повеќе изненадени. Исто така, студијата открива дека либералите се смеат искрено и поинтензивно, оставајќи поинаква шема на брчки на нивните лица како што стареат.

Конзервативците, од друга страна, се поздрави, трошат помалку алкохол и пушат помалку и имаат поинаква исхрана, така што сите тие работи влијаат на здравјето и текстурата на нивната кожа.

Сепак, заклучоците од студијата одат многу подлабоко од тоа и се нурнуваат во домените на дистопија на препознавање на лица. Изгледот на лицето, тврди студијата, предвидува сè, од успех во работата, достигнувања во образованието, па дури и должината на затворската казна, така што сите тие фактори, според тврдењето на студијата, можат многу лесно да влијаат на политичката ориентација.

Но, тоа не е сè, студијата сугерира дека врската помеѓу изразите на лицето и политиката веќе може да се формира во матката на мајката, со „гените, хормоните и изложеноста на родителите на лекови“, сите играат улога во тоа дали индивидуата прераснува во либерал или конзервативец.

Дури и потрошувачката на алкохол за време на бременоста може да ја предвиди идната политичка ориентација на детето, имајќи предвид дека слабиот когнитивен развој, тврди студијата, е поврзан со политичка ориентација.

Косински е познат на пошироката јавност по неговата работа со Фејсбук, што доведе до скандал со Кембриџ Аналитика пред претседателските избори во САД во 2016 година. Таа компанија собра податоци од десетици милиони корисници на Фејсбук за да овозможи точни политички реклами насочени кон претседателската кампања на Републиканците.

Косински работел и како советник на израелската програма „Faception“, која не само што имала за цел да предвиди на која страна од политичкиот спектар се наоѓа една индивидуа, туку какви се шансите индивидуата да биде терорист, педофил или голем криминалец.

Во 2017 година, тој тврдеше дека едноставен систем за вештачка интелигенција може да утврди дали некое лице е хетеро или геј, што предизвика широка критика од ЛГБТ заедницата во САД.

Во октомври 2020 година, заедно со колега, тој објави студија во која тие открија претходно тврдење дека брачните парови со текот на времето добиваат ист изглед на лицето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП