6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Хрватската стопанска комора смета дека прекинот на постапката за претстечајни договори би имал негативни последици по стопанството, би се отворил простор за сериозна правна несигурност и можна загрозеност на десетици илјади работни места. Комората предупредува дека посебно е сложено прашањето за ефектите и последиците од отворањето на прашање за уставноста на Законот за финансиско работење и претстечајните договори за компании кои го завршиле тој процес, што би можело да ја доведе во прашање идната реализација на веќе договорените решенија во рамки на некои претстечајни договори.

Загреб – Уште неколку дена инспекторите нема да проверуваат дали се спроведува фискализација на пазарите во Хрватска, но на 1 август продавачите мора да имаат фискални каси. Во почетокот на месецот незадоволство меѓу пазарџиите кулминираше, но хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ не попушти. – Има барања, но тие се во спротивност со законот за фискализација, бидејќи ако (инспекторите) не одат на пазарите тогаш не треба да одат ни кај угостителите, лекарите, ни кај адвокатите, вели Линиќ. Учесниците на протестите се откажаа од своите барања, а нивните претставници им порачаа да набават фискални каси. Но, речиси три недели подоцна, продавачите се уште работат без нив.

Љубљана – Директорите на „Нова њубњанска банка“ (НЛБ), под водство на Франце Архар, решија Јанко Меѓа да остане на чело на оваа финансиска институција, која во првите шест месеци од оваа година оствари загуба на локлано ниво од 85,8 милиони евра, како и загуба на ниво на цела групација од 91 милион евра. Вториот квартал беше многу послаб од првиот, кога НЛБ оствари загуба од 4,5 милиони евра. НЛБ кон крајот на минатата година имаше „лоши пласмани“ во износ од 2,7 милијарди евра, односно речиси 30 отсто од сите кредити. Неофицијално овој износ на лоши кредити на крајот од вториот квартал пораснал на околу 3 милијарди евра. Точниот износ на лошите побарувања според стандардите на Европската комисија нема да се знаат до есен, кога ревизорската куќа „Делоит„ треба да го заврши темелниот увид.

Париз – Американската маркетинг компанија „Омником“ и француската „Публисис“, соопштија дека ќе се спојат во најголема маркетинг фирма во светот, вредна 35,1 милијарда долари. Сегашниот извршен директор на „Омником“, Џон Рен и неговиот колега од „Публисис“, Морис Леви заеднички ќе ја водат компанијата. Акционерите на двете компании ќе имаат околу 50 отсто акции на новата „Публисис Омником Груп“. Сите досегашни акционери на „Публисис“ за секоја акција од ќе добијат специјална дивиденда од 1 евро, додека сите сопственици на акции на „Омником“ за една досегашна акција ќе добијат 0,813 акции од новата компанија плус бонус од 2 долари и квартален бонус на дивидендата.

Вашингтон – Четворица од петмина возрасни Американци во некој момент од животот ќе се соочат со сиромаштија, невработеност или ќе зависат од социјална помош, објави „Хафлингтон пост“, повикувајќи се на резултаи од едно истражување. Анализата укажува на понатамошен пад на економската сигурност на САД и крај на она што се нарекува „американски сон“. Под наслов „Американски кошмар“, порталот го пренесе истражувањето во кое како главни причини за падор се наведуваат глобализацијата на економијата во САД, се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните, како и недостигот на добро платени работни места во производството.

Белград – Глобалната употреба на природен гас, според проценките, ќе се зголеми за 50 отсто до 2035 година. Тоа може да задоволи над 25 отсто од светските енергетски потреби, смета советникот во српското Министерство за енергетика Љубомор Алексентијевиќ. Според него, за остварување на тие цели, неопходна е употреба на најдобри технологии за експлоатација на природен гас, со најмало негативно влијание на животната средина.

Сеул – Во вториот овогодишен квартал ширум светот се испорачани рекордни 230 милиони паметни телефони, што е за 47 отсто повеќе во однос на истиот период лани, а таквиот раст е поттикнат од зголемената побарувачката за 4Г моделите во развиените региони, како САД, и на 3Г моделите на пазарите во развој, како Индија, покажува најновото истражување на „Стретиџи Аналитикс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП