26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOва е најпродаваниот автомобил во Европа, секој трет продеден е хибрид

Oва е најпродаваниот автомобил во Европа, секој трет продеден е хибрид

„Volkswagen Golf“ во изминатата 2020-та година повторно беше најпродаваниот автомобил во Европа, со околу 312.000 продадени примероци.

Осмата генерација на „Golf“ исто така е избрана и за најдобар автомобил во Германија според изборот на магазините „Auto Motor und Sport“, „Auto Bild“ и „Auto Zeitung“.

По претставувањето кон крајот на 2019-та година, „осмицата“ и покрај пандемијата со коронавирусот го зазема првото место според продажбата во Европа и Германија. Во 2020-та година на европскиот пазар се испорачани повеќе од 312.000 единици, од кои во Германија 134.000 примероци.

„Golf 8“ од своето претставување е достапен во сите поважни верзии, покрај „GTI“, „GTD“ и „GTE“ моделите кои му дадоа посебен ветер во грб. Големата побарувачка за хибридните модели исто така придонесе за овој успех. Поради тоа до крајот на годината секој трет продаден „Golf“ бил хибрид.

Во Германија новиот „Golf 8“ е прогласен за најдобар автомобил во компактната класа. Тој на тестовите кои ги спроведоа „Auto Motor und Sport“, „Auto Bild“ и „Auto Zeitung“ победи 16 противкандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП