29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛетото донесе само делумно закрепнување на пазарот на труд во ЕУ

Летото донесе само делумно закрепнување на пазарот на труд во ЕУ

Во третиот квартал од 2020-та година, пазарот на труд во Европската унија (ЕУ) до одреден степен се опоравува, бидејќи мерките против коронавирусот беа олеснети во тоа време во повеќето земји-членки, според податоците на европскиот завод за статистика „Евростат“.

Помеѓу вториот и третиот квартал од 2020-та година, 2,6 милиони луѓе во ЕУ, или 21,1% од невработените во вториот квартал, најдоа работа.

Сепак, бројот на невработени останува висок – 6,9 милиони луѓе. Други 2,7 милиони луѓе се економски неактивни, т.е. тие не бараат работа затоа што не мислат дека ќе најдат, или од други причини.

Во третиот квартал од минатата година, 2,3 милиони луѓе, што е 1,5% од вработените на крајот на вториот квартал, останаа без работа, барајќи нова. Други 3,7 милиони луѓе останаа без работа и се приклучија на групата на економски неактивни.

Во исто време, рекорден број на економски неактивни луѓе во ЕУ најдоа работа во третиот квартал во споредба со вториот квартал од 2020-та година – 4,1 милиони луѓе. Други 5,1 милиони неактивни луѓе – исто така рекорден број – се приклучија на групата невработени, т.е. започна да бара работа во периодот јули-септември 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП