27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛекот „ивермектин“ од денеска e достапен во аптеките по цена од 299...

Лекот „ивермектин“ од денеска e достапен во аптеките по цена од 299 денари

Министерството за здравство ја информира јавноста дека лекот „ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.

Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид-позитивен.

Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на „ивермектин“ кај пациенти со Ковид-19 се во тек и/или нивните крајни резултати сè уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека Ивермектин има поволен ефект во профилакса на Ковид-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП