29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОаза за ТУРИСТИ во ера на пандемија

Оаза за ТУРИСТИ во ера на пандемија

Додека поголемиот дел од Европа и остатокот од светот и понатаму стравуваат од нови напади на коронавирусот, Обединетите Арапски Емирати станаа оаза на слободата за туристите од целиот свет.

Градот со најголем туристички потенцијал во оваа земја, Дубаи, исто така ги прослави овие празници со скоро исполнети хотелски капацитети и покрај пандемијата.

Многу славни личности ги искористија новогодишните празници за да ги „наполнат батериите“ во градот каде што во моментот не може да се забележи страв од коронавирус. Аеродромите веќе беа преплавени со туристи од Русија, Франција, Велика Британија и други европски и светски земји во првите денови од 2021 година.

На почетокот на 2020 година, Дубаи имаше своевидна „блокада“, исто како и другите градови низ светот. Сепак, во мај, градот започна со мерките за олеснување.

Емиратите започнаа програма за вакцинирање, а со тоа наскоро почнаа да пристигнуваат резервации во хотели од сите делови на светот. Исто така, пазарот на недвижнини, кој беше во нагло опаѓање на почетокот на 2020 година, доживува нов раст.

„Дубаи ги отстрани сите пречки за пристигнување на туристите. „Луѓето се чувствуваат безбедно тука и затоа се подготвени да дојдат“, рече Симон Кејсон, претседател на хотелски операции во Европа, Блискиот исток и Африка од групата „Four Seasons“.

На крајот на 2020 година, овој град забележа и нагло зголемување на побарувачката за хотелски капацитети, а на почетокот на декември капацитетите беа исполнети за 66 проценти.

Овој успех на Дубаи е резултат на работата на владата на Емиратот, која обезбеди значителни количини вакцини против коронавирус во последните неколку месеци, а како што истакнаа, целта е да се вакцинира 70 проценти од населението оваа година.

„Емирати“ во моментов е втора земја според ефикасноста на вакцинирање на населението, а државата купувањето вакцини го насочи кон компаниите „Фајзер“ и кинескиот „Синофарм“.

Иако коронавирусот сè уште е присутен во оваа земја, особено новиот вид што се шири низ целиот свет, водечките луѓе на Емиратите ги обезбедија сите услови туристичките капацитети да продолжат да функционираат без поголеми проблеми. Рестораните и кафулињата работат како пред пандемијата, а туристите можат да уживаат и во забави што се организираат во согласност со епидемиолошките мерки.

За разлика од остатокот од светот, се чини дека Дубаи, барем засега, ја најде совршената формула за одржување на туризмот за време на пандемија на коронавируси.

Официјално, досега на Емиратите се регистрирани 232.982 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 711 починале како резултат на КОВИД-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП