среда, јануари 20, 2021
-8 °c
Skopje
0 ° сре
0 ° чет
4 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати



Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Почина академик Георги Старделов

јануари 12, 2021
во категорија КУЛТУРА
A A
Почина академик Георги Старделов
37
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


На 11 јануари, со навршени девет децении живот, почина еден од најзначајните македонски интелектуалци, филозофот-естетичар, книжевен критичар и теоретичар, есеист и универзитетски професор, академик Георги Старделов. Беше пример за длабок мислител, минуциозен аналитичар и во исто време инспиративен изведувач на синтези и творечки поврзувања, извонреден стилист и сугестивен едукатор, впечатлив оратор и секогаш интересен собеседник.

Зад себе остави огромно и првокласно по квалитет творештво, кое се вградува во столбовите на македонската литература, од кое ги издвојуваме критичко-есеистичките дела: „Есеи“ (1957), „Модерното и модернизмот“ (1962), „Светови“ (1969), „Антеј бара почва“ (1971), „Доба на противречности“ (1977), „Меѓу литературата и животот“ (1981), „Македонско светско чудо“ (2009), како и студиите: „Еxperimentum Macedonicum“ (1983), „Изморена авангарда“ (1985), „Одземање на силата – Поезијата на Блаже Конески“ (1989), „Ѕumma aestheticae“ (1991), „Антеј ја допира земјата“ (1993), „Величанија – Поезијата и поетското искуство на Анте Поповски“ (1997), „Небиднината – Поезијата и поетското искуство на Ацо Шопов“ (2000), „Искушенијата на естетичкиот ум – 20. Век“ (2003), „Балканска естетика – една друга естетика“ (2004), „Angelus Novus (Или подготовка за лет)“ (2004), „Ноќен градинар“ (2006), „Небесен клучар – книжевното наследство на Славко Јаневски“ (2008), „Херменефтика на новата македонска книжевност“ (2008), „Слушате ли Каина-велијци?“ (Славко Јаневски – книжевна генеологија, 2010), „Слова“ (2011), „Summa aestheticae. I, Јужнословенска естетика“ (2015), „Summa aestheticae. II, Балканска естетика – една друга естетика“ (2015), „Summa aestheticae. III, Историја на европската естетика на XX век“ (2015). Автор е и на десетина релевантни антологии од различни жанрови на македонската книжевност.

Акад. Старделов беше член на ДПМ од 1957 година и во одреден период и негов претседател. Неговиот профил на филозоф-естетичар со нагласен интерес за книжевноста е посебно значаен за македонската култура, затоа што покажува колку се неопходни оние книжевници кои својот труд, ерудиција и талент ги вложуваат во објаснувањето и валоризирањето на уметничкото творештво на другите писатели и на глобалните и локалните културни процеси. Тој беше врвен ерудит, со нагласен книжевен талент и со огромна енергија и творечко љубопитство. Старделов останува еден од најдобрите познавачи и афирматори на творештвото на нашите канонски писатели, како што се Блаже Конески, Анте Поповски, Славко Јаневски, Ацо Шопов и многу други. Неговиот грандиозен опус е непроценливо богатство на кое постојано му се навраќаме, а ќе му се навраќаат и генерациите што доаѓаат по нас.

Тагови: академикпрофесорстарделов
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Од денеска поскапи горива

Следна Објава

Колку се опасни средствата за чистење ?




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“
АВТОБИЗ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

јануари 20, 2021
12
Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина
КОМПАНИИ

Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

јануари 20, 2021
14
Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност
КАРИЕРА

Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

јануари 20, 2021
27
Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови
ЗДРАВЈЕ

Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

јануари 20, 2021
66
„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза
КОМПАНИИ

„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

јануари 20, 2021
18
Ведро и многу студено, утринските температури под нула
ЕКОНОМИЈА

Ведро и многу студено, утринските температури под нула

јануари 20, 2021
31

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

јануари 20, 2021
Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

јануари 20, 2021
Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

јануари 20, 2021
Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

Исчистете се од наталожениот никотин: 4 намирници за чисти бели дробови

јануари 20, 2021
„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

„Logitech“ по трет пат ја зголеми годишната прогноза

јануари 20, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 20.01.2021

јануари 20, 2021
282
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
1.1k





Следна Објава
Колку се опасни средствата за чистење ?

Колку се опасни средствата за чистење ?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани