Идниот американски претседател Џо Бајден ќе го назначи поранешниот дипломат од кариера, Вилијам Бернс, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Бернс (64) работел како амбасадор во Русија и Јордан и има успешна 33-годишна кариера во Стејт департментот.
Кулминација на неговата дипломатска кариера беше позицијата заменик-државен секретар на САД, а во 2014 година тој се пензионира и го презеде управувањето со карнегиската фондација за меѓународен мир. По превирањата во Стејт департментот по доаѓањето на Трамп во Белата куќа, Бернс се повлече некое време.

