3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов маркетинг хит во светот!

Нов маркетинг хит во светот!

Japanese-Thigh-Advertising-3

Жените во Јапонија заработуваат и до 65 фунти на ден со рекламирањето на производи на своето тело.

Агенцијата која ги прави овие кампањи ги поттикнува „жените билборди“ да носат кратки здолништа за подобро да се види рекламата. Маркетинг агенцијата „WIT“ тврди дека оваа необична идеа е идеална за Токио кој е преплавен со реклами.

Многу е тешко да се привлечат потрошувачите во јапонскиот главен град, поради прекумерните реклами кои се наоѓаат насекаде, на билбордите, неонските знаци и големите ТВ екрани. Агенцијата „WIT“ поради тоа одлучи да постави реклами на места на кои ќе им го привлечат вниманието на сите, а особено на мажите.

„Тоа е совршено место за поставување на рекламите, поради тоа што поголемиот број на мажите ќе погледнат“, вели Хидернори Ацуми, директор на агенцијата „WIT“.

Овој вид на рекламирање е се популарен и во моментов повеќе од 3.000 жени се имаат пријавено во оваа агенција која користи привремени тетоважи со името на производот или компанијата.

Една од нив е и Михо Мацумото која вели дека не и е непријатно да учествува во оваа невообичаена маркетинг кампања.

„ Не би прифатила да ми стават реклама на стомакот или на некое друго место, но со оглед дека е на бутот не гледам во што е проблемот“, вели Михо.

За да се стане „движечки билборд“ пријавените мора да имаат 18 или повеќе години и потребно е да имаат најмалку 20 пријатели на друштвените мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП