28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтабилен бројот на приеми во болниците и ковид-центрите, вкупно се лекуваат 766...

Стабилен бројот на приеми во болниците и ковид-центрите, вкупно се лекуваат 766 позитивни и суспектни на Ковид – 19

Во земјава вчера беа регистрирани нови 556 случаи на Ковид 19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16372. Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти. Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Вчера се направени вкупно 2953 тестирања, а од регистрираните 556 нови случаи на ковид-19 во Скопје се 270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје беа регистрирани 404 пациенти, а 22-ца починати кои се на возраст меѓу 47 и 84 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во Скопје има имајмногу активи 10017 лица.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вчера во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.На инфективните одделенија во Скопје се лекуват 338 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19, а вчера биле примени 34 нови пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП