среда, јануари 20, 2021
1 °c
Skopje
0 ° сре
2 ° чет
5 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 690.00 1.62%    ALK 13,875.89 0.03%    FERS 61,000.00 0%    GRNT 1,151.52 1.82%    KMB 7,800.00 -0.22%    MTUR 4,551.00 9.22%    REPL 110,000.00 4.76%    STB 1,148.35 -0.06%    TEL 317.56 0.18%    TKVS 4,900.00 0%    TNB 18,800.13 0.35%    ZPKO 2,911.00 0%    


Почетна ЕКОНОМИЈА

Првата недела од 2021-ва му донесе на „Wall Street“ нови рекорди

јануари 9, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
A A
Првата недела од 2021-ва му донесе на „Wall Street“ нови рекорди
47
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Водечките американски индекси ја завршија трговската сесија во петокот со нов рекорден раст во услови на постојани надежи за повеќе стимулации во САД и разочарувачките податоци за пазарот на труд.

Индексот „Dow Jones Industrial Average“ додаде 0,2% до 31.097,97 поени. Од своја страна, широкиот мерач „S&P 500“ напредуваше 0,6% до 3824,68 поени. Најголем раст имаше технолошкиот репер „Nasdaq Composite“, кој се зголеми за повеќе од процент на 13.201,97 поени. За „Dow“ и „S&P 500“, ова е четврти последователен ден на раст.

Акциите на „Coca-Cola“ пораснаа за 2,2% и го предводеа „Dow“. Секторите за широка потрошувачка и недвижнини пораснаа повеќе од 1%, зголемувајќи го „S&P 500“. „Nasdaq“ доби поддршка од акциите на „Tesla“, која порасна за 7,8%, што дополнително го зголеми богатството на извршниот директор Елон Маск, кој веќе стана најбогатиот човек на светот.

За оваа недела, „Dow“ и „S&P 500“ додадоа повеќе од еден процент, а „Nasdaq“ напредна 2,4 проценти. Претставата е реалност и покрај превирањата во Вашингтон, каде толпа приврзаници на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во средата во обид да ја спречат потврдата за изборот на Џо Бајден за следен претседател.

Акциите ја започнаа неделата со пад во понеделникот, но пазарот брзо успеа да надомести заради постојаните очекувања за нова финансиска помош од владата, бидејќи демократите обезбедија контрола врз Сенатот по вториот круг на сенаторските избори во Џорџија.

Растот во петокот беше прилагоден до одреден степен според податоците за работните места во САД. Американската економија изгуби 140.000 работни места во декември, покажаа податоците на Министерството за труд. Економистите анкетирани од „Dow Jones“ имаа очекувања за раст на 50.000 работни места.

Сепак, лошите податоци за работните место дополнително ги поттикнаа очекувањата за нова фискална помош. Бајден веќе повика на зголемена поддршка, вклучително и 2.000 американски долари за директна помош.

„Тимот на Бајден и онака ќе се залагаше за зголемен фискален стимул, а декемврискиот извештај им обезбеди уште поголема „муниција““, рече Адам Крисафули, основач на „Vital Knowledge“.

Неочекуваниот пад на работните места се совпаѓа со враќање на построгите мерки за контрола на коронавирусот во некои делови на Соединетите држави поради новиот пик на бројот на пациенти. Повеќе од 21,5 милиони случаи на заболени се потврдени од почетокот на пандемијата во земјата, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Во државните хартии од вредност, приносот на примероци од 10-годишни обврзници го надминаа прагот од над 1,1%, достигнувајќи 1,115%. Приносот на 30-годишните обврзници се искачи на 1,87%.

Индексот на доларот исто така порасна за 0,2% на 90,05 поени.

Ситуацијата на пазарот на стоки во петокот е многу подинамична. Цената на нафтата расте значително, за повеќе од 3% и за двете водечки сорти. Меѓународниот репер „Брент“ додаде 3,3 проценти на 56,19 долари за барел, а американската лесна сурова нафта порасна за 3,5 проценти на 52,59 долари за барел.

Како и да е, златото падна позначајно за 3,4% до 1.847,6 долари за унца.

Тагови: волстритекономијаиндексираст
Сподели1СподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

ТИРЗ: Во 2020 исплатени над 10 милиони евра државна помош за странски инвестиции

Следна Објава

„WhatsApp“ целосно го менува начинот на работа и не секој ќе може да ја користи




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари
ЕКОНОМИЈА

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

јануари 19, 2021
57
Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

јануари 19, 2021
205
Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

јануари 19, 2021
333
Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата
ЕКОНОМИЈА

Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

јануари 19, 2021
27
Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)
ЕКОНОМИЈА

Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

јануари 19, 2021
499
„BMW M“ забележа рекорд според продажбата
АВТОБИЗ

„BMW M“ забележа рекорд според продажбата

јануари 19, 2021
78

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

Просечната пензија повисока за 185 денари од 26 јануари

јануари 19, 2021
Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

Нови 400 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица

јануари 19, 2021
Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

јануари 19, 2021
Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат мало влијание врз економијата

јануари 19, 2021
Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

јануари 19, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    Дали мислевте дека WhatsApp е проблематичен? Оваа апликација за допишување нема ниту основна заштита за корисникот, а ја користат милијарди

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Откриен вид на коронавирус кој поради бројните мутации може повторно да ги зарази веќе закрепнатите пациенти од Ковид-19

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ѕирнете во најмодерната производна линија на Tesla: Погледнете како се создава нивната нова револуционерна батерија(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 19.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 19.01.2021

јануари 19, 2021
901
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
913





Следна Објава
„WhatsApp“ целосно го менува начинот на работа и не секој ќе може да ја користи

„WhatsApp“ целосно го менува начинот на работа и не секој ќе може да ја користи

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани