29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на храната на највисоко ниво во последните 6 години и ќе...

Цените на храната на највисоко ниво во последните 6 години и ќе продолжат да растат (ИНФОГРАФИК)

Светските цени на храната достигнаа 6-годишен максимум во декември и најверојатно ќе продолжат да растат во 2021-ва година, зголемувајќи го притисокот врз буџетите на домаќинствата.

Индексот на цените на храната во ООН се зголеми за 18% од мај, поради лошите временски услови, владините мерки за гарантирање на снабдувањето и силната побарувачка. Сето ова доведе до зголемување на цените на земјоделските производи – од жито до палмино масло. Во исто време, гладот ​​исто така останува сериозен проблем во многу делови на светот. Според Организацијата за храна и земјоделство, цените ќе растат понатаму, според „Bloomberg“.

Овој раст ризикува да ја забрза пошироката инфлација, што им отежнува на централните банки да обезбедат стимулации за поддршка на економиите, притоа враќајќи ги сеќавањата на кризите со храна од минатите децении. Исто така, тоа ќе биде лоша вест за потрошувачите чии приходи беа погодени од коронакризата и додава загриженост за безбедноста на глобалното снабдување со храна погодена од конфликтните и климатските кризи.

Сето ова е особено точно за посиромашните земји, според Организацијата за храна и земјоделство.

„Во оваа фаза, гледаме повеќе фактори што ги зголемуваат светските цени на храната“, рече Абдолреза Абасијан, висок економист на организацијата. „Инфлацијата на храната е реалност. Луѓето ги загубија своите приходи и додека зборуваме, тие минуваат низ големи потешкотии“, додаде тој.

Цената на фјучерсите на пченка и соја достигна максимум во последните шест години поради сушата што ја загрозува жетвата во Јужна Америка во услови на зголемена побарувачка од Кина. Во исто време, вредноста на палминото масло – што се користи во скоро половина од целата стока во супермаркетите е на највисоко ниво во последните 10 години.

Протекционистичките мерки исто така ги поддржуваат пазарите. Земјоделците во Аргентина подготвуваат протест откако владата суспендираше некои од лиценците за извоз на пченка, а еден од водечките руски производители на жито исто така планира да го намали извозот на жито од средината на февруари за да се справи со зголемувањето на цените на храна.

„Цените на стоките во долари – кои честопати се сметаат за заштита од инфлацијата – треба да продолжат да бидат поддржани од континуираната амортизација на американската валута во оваа година“, рече Абасијан.

„Исто така, економското закрепнување во некои делови на светот веројатно ќе ги зголеми потрошувачките трошоци и побарувачката за храна. Ризикот од лоши временски услови и ограничувања на извозот за некои култури, исто така, ќе ги поддржат цените на краток рок“, додаде тој.

Загриженоста за временските услови, владината интервенција и силниот извоз во Кина може да го зголемат земјоделскиот пазар, според „Rabobank International“. Сојата стана толку скапа што светот ќе мора да ја насочи побарувачката, изјави Џо Стоун, раководител на трговска корпорација во „Cargill Inc.“.

Индексот на цените на храната во Организацијата за храна и земјоделство се зголемува во последните седум месеци, а годишната цена е пред највисоките просечни нивоа во последните три години. Сепак, цените останаа далеку под највисоките нивоа од 2008-ма и 2011-та година, кога зголемената политичка и економска нестабилност и забраните за извоз на жито го заостри снабдувањето.

„Инфлацијата на цените на суровините е навистина реална, но сè уште не е воопшто како пред една деценија“, рече Тим Бентон, директор на „Chatham House“ во Лондон.

„Јас сум релативно уверен дека нешто големо нема да се случи, како што се случи пред една деценија. Но сепак – Ковид има потенцијал да доведе до шокови во однос на протокот на стоки, во однос на пристапот до работна сила“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП