Лицето кое, на некој начин, ги обележа немирите во Вашингтон за време на потврдата на изборните резултати, кои јасно кажуваат дека Доналд Трамп ги загуби изборите, секако беше „човекот-бизон“; со крзно и рогови на главата и лицето во боите на американското знаме, го означи упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол Хил и немирите во кои загинаа најмалку пет лица.
„Човекот-бизон“ кој го водеше крвавиот протест и немирите во Вашингтон е всушност Џејк Анџели – уметник, пејач и актер, но исто така и ревносен поддржувач на теоријата на заговор QAnon, кој ги поддржува републиканците и американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

