Сопственикот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, по скоро четири години веќе не е најбогатата личност во светот. Тој беше симнат од тронот од ексцентричниот претприемач и љубител на вселенско патување – Илон Маск.
Се проценува дека богатството на Маск надмина 185 милијарди долари откако акциите на Тесла значително скокнаа и пазарната вредност на компанијата помина над 700 милијарди долари.

