28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија ќе побара меѓународна помош за да ја утврди големината на буџетскиот...

Албанија ќе побара меѓународна помош за да ја утврди големината на буџетскиот дефицит

Albania

Албанија ќе побара меѓународна помош за да ја утврди големината на „дупката“ во буџетот на земјата, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Новиот албански премиер Еди Рама, кој во септември треба да го преземе управувањето со земјата, изјави дека албанската економија „ќе се поврати“, но прво ќе треба да се дознае колку длабока е „црната дупка“, оставена во буџетот од претходната Влада. Рама истакна дека од овие причини побарал помош од меѓународна финансиска институција.

– Со голема прецизност и што е можно побрзо треба да дознаеме колку голема е оваа „дупка“ во буџетот, предизвикана од катастрофалната економска и буџетска политика на кабинетот на Сали Бериша и затоа имаме потреба од продлабочена, објективна и независна анализа, напиша новиот албански премиер на својот профил на Фејсбук.

Овој чекор ќе биде преземен веднаш откако новата влада ќе почне да ги извршува своите функции, дополни Рама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП