26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈапонците со години се пред сите: Најновото чудо од Истокот - испраќаат...

Јапонците со години се пред сите: Најновото чудо од Истокот – испраќаат дрвени сателити во вселената

Ваквите сателити се изработуваат од причина што вселенскиот отпад станува сè поголем проблем во орбитата на Земјата. Од друга страна, дрвените сателити би изгореле при повторен влез во атмосферата, и тоа без да испуштат штетни честички во атмосферата…

Веќе можевме да се навикнеме на многу необични работи што доаѓаат од Земјата на изгрејсонцето, било да се тоа пронајдоци, „лудости“ или нешто друго. Сепак, Јапонија е исто така една од технолошки најнапредните земји на планетата, а тие неодамна објавија дека ќе лансираат дрвен сателит во вселената!

Здружувањето на приватното претприемништво и универзитетите тука очигледно дава резултати. Имено, компанијата Sumitomo Forestry во соработка со Универзитетот во Кјото започнаа да истражуваат начин на употребата на дрво како главен материјал во изградбата на сателити! Целта е да се истражи однесувањето на дрвото во вселената, со намера металот да се замени со него во блиска иднина. Кога велиме „поблиску“, целта е да се лансира дрвен сателит до 2023 година.

Обидите да се направат такви сателити е поради остатоците од вселената кои стануваат сè поголем проблем во орбитата на Земјата. Од друга страна, дрвените сателити би гореле во атмосферата кога повторно ќе влезат, без да испуштаат штетни честички во атмосферата.

„Загрижени сме од фактот дека сите сателити, кога повторно влегуваат во атмосферата на Земјата за време на согорувањето, создаваат ситни честички од алуминиум, кои потоа лебдат во атмосферата многу години. Со текот на времето, овие честички ќе почнат да влијаат на животната средина на Земјата “, рече Такао Дои, професор на Универзитетот во Кјото.

Според Светскиот економски форум, во моментов има околу 6.000 сателити во орбитата на Земјата, а 60 проценти од нив не работат и всушност се само вселенски остатоци во орбитата на Земјата. До 2028 година, бројот на сателити може да се зголеми на 15.000, па затоа не е изненадувачки што оваа иницијатива бара „позелени“ решенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП