26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е поштетно за кожата на рацете: Употребата на средства за дезинфекција...

Што е поштетно за кожата на рацете: Употребата на средства за дезинфекција или често миење со сапун?

Може ли честата употреба на средства за дезинфекција за раце да ја оштети кожата? Германскиот експерт Јохан Ноблок, раководител на одделот за хигиена на Универзитетскиот медицински центар во Хамбург, одговара негативно.

Тој тврди дека зголемената употреба на средства за дезинфекција на рацете од почетокот на пандемијата на коронавирусот е целосно безопасна и дека само во ретки случаи бактериите можат да станат поотпорни на средствата за дезинфекција – не и имуни, посочува тој, само малку поотпорни.

„Но, ваквата појава не е забележана кај вирусот“, рече Ноблок.

Основната состојка кај повеќето средства за дезинфекција е алкохолот. „Нема докази дека ова на кој било начин создава отпорност на бактерии и вируси.

Покрај тоа, ова се производи кои биле дерматолошки тестирани, се исклучително толерантни и нема да предизвикаат реакција на кожата.

Околу 15.000 вработени во Универзитетскиот медицински центар во Хамбург ги користат секојдневно, медицински сестри и до четириесет пати во една смена.

„Нетолеранцијата или алергиската реакција се исклучително ретки, па дури и тогаш тоа е главно последица на ароматични или навлажнувачки адитиви“, вели германскиот експерт.

Хирурзите, објаснува Ноблок, ги дезинфицираат рацете три минути пред операцијата. „Тие буквално ја натопуваат кожата со алкохол и нема никакви последици.

Тој исто така забележува дека дезинфекцијата на рацете со алкохол е веројатно „попријателска“ за кожата отколку пречесто миење со сапун.

Германското дерматолошко друштво исто така советува дека е подобро да се користи средство за дезинфекција на кожата отколку сапун, и после тоа би било идеално да се намачкаат рацете со крем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП