19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајнеобични прашања на интервју за работа во Apple, Google, Амазон...

Најнеобични прашања на интервју за работа во Apple, Google, Амазон…

interview

Интервјуата за работа може да бидат многу стресни. За тоа е доволно вие да бидете нервозни, но постојат ситуации кога покрај тоа ве прават нервозни и луѓето пред кои седите.

Издвојуваме 20 најнеобиќни прашања поставени на интервјуата за работа во големите компании какошто се Apple, Google, Amazon и други.

 

1. Имаш кутија со моливи. Направете листа од десет работи што можете да ги направите со нив, а тоа да не биде нивната традиционална употреба.

Работа: Асистент во администрација во Google

 

2. Како би тестирале лифт?

Работа: Софтвер инженер во Microsoft

 

3. Како би ги решавале проблемите доколку сте марсовец?

Работа: Менаџер за вработување во Amazon

 

4. Наведете нешто што сте постигнале во животот на што сте особено горди?

Работа: Софтверски инженер во Apple

 

5. Да сте сообраќаен знак, кој знак ќе бидете?

Работа: Менаџер за продажба на Pacific Sunwear

 

6. Сте добиле хартија со точкаст принт. Докажете дека растојанието помеѓу точките е еден сантиметар.

Работа: Аналитичар за технологија во Goldman Sachs

 

7. Ве киднапирал руски мафијаш. Става два куршуми еден по еден во празен револвер, го завртува, се врти кон вас и пука. Вие сте уште жив. Потоа ве прашува дали сакате да го сврти повторно и повторно да го повлече чкрапалото. Во двата случаи, колкава е веројатноста да бидете убиени?

Работа: Маркетинг аналитичар во Facebook

 

8. Кажете ми виц по ваш избор?!

Работа: Финансиски аналитичар во JP Morgan Chase

 

9. Колку, според ваша проценка, би чинело да се спроведе подобрување на производ во цела Америка?

Работа: Менаџер за производство во Google

 

10. Зошто не треба да ве вработиме?

Работни места: Регрутер во Twitter

 

11. Кои се најдобрите датуми за лансирање на маркетинг кампања во вашата земја?

Работа: Техничка поддршка во Valve Corporation

 

12. Кога би била производ на Sony, што би било тоа?

Работа: Менаџер  на малопродажба во Sony

 

13. Опишете некоја дилема која сте ја имале, и начинот на кој сте ја решиле?

Работа: Практикант во AIG

 

14. Наведете тројца кои не ги познавате а им се восхитувате, и зошто им се  восхитувате?

Работа: Менаџер  во Deloitte

 

15. Како би му го опишале динамометарот осум годишно дете?

Работа: Инженер во Tesla Motors

 

16. Како би ​​процениле кој е бројот на некоја радио станица во Америка?

Работа: Менаџер на производство во Google

 

17. Верувате ли во виша сила?

Бизнис: Продавачот во Pepsi

 

18. Кој е вашиот најголем бизнис неуспех?

Работа: Софтверски инженер во Electronic Arts

 

19. Како би се чувствувале доколку мора да работите во екстремни услови цела година?

Работа: Тестер на производи во компанијата MTD Products

 

20. Џин построил десет Џуџиња од најниското до највисокото. Секое џуџе може да го види понискиот од себе, но не и следните кои се после него. Џинот по случаен избор ставил бела или црна шапка на главата џуџиња. Џуџињата не можат да го видат својот шешир. Џинот започнува да ги испрашува џуџињата, почнувајќи од највисокото, која е бојата на шапката. Доколку одговорот не е точен, џинот го убива џуџето. Секое џуџе може да го слушне претходниот одговор, но не знае дали тој е точен. Каква стратегија треба да ја користи за да убие најмалку Џуџиња, и кој е минималниот број на џуџиња  кои може да се зачуваат со таа стратегија?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП