29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалканска Холандија: Северна Македонија ЛЕГАЛИЗИРА марихуана

Балканска Холандија: Северна Македонија ЛЕГАЛИЗИРА марихуана

Секој граѓанин ќе може да одгледува две до три дрвја канабис за лична употреба, ова го рече премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, во Собранието.

Одговарајќи на прашањата на пратениците во Собранието, Заев рече дека легализацијата на марихуаната ќе отвори можност секој граѓанин да може да одгледува одредена количина канабис за негова лична употреба.

„Нема да биде привилегија само за богатите да инвестираат, целта е да се овозможи на секој граѓанин да одгледува две до три дрвја под контрола на агенцијата, што е предвидено со закон, така што тој ќе може да ги користи за лична употреба или да ангажира некоја компанија за да одгледува наместо него. Дополнително секое дрво ќе биде обележано со посебен број за контрола“, објасни Заев.

Тој посочи дека со легализацијата на марихуаната се отвораат економските потенцијали за развој на одредени економски гранки.

„Легализацијата на марихуаната во земјата има крајна цел – развој на угостителство и туризам и сите услужни активности кои дефинитивно имаат многу мал удел во БДП, односно околу четири проценти“, рече Заев.

Во Холандија, додаде тој, услужните активности сочинуваат повеќе од 60 проценти од БДП, а во другите земји 25, 35 или 45 проценти.

Заев исто така рече дека искуствата покажале дека во сите земји каде што се легализирала марихуаната, употребата на хероин, кокаин и други тешки дроги опаднала за 30 до 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП