Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 9 степени.

