Во последната година, „Ford“ скоро целосно ја напушти палетата на лесни автомобили во САД, оставајќи го само понито „Mustang“. Компанијата се фокусира на производство на кросовери, џипови и пикапи, кои ги заменија другите модели.
Сепак, „Mustang“ има иднина барем уште неколку години. Ова го изјави во интервју за „Ford Authority“, менаџерот на брендот „Mustang“, Џим Овенс. Според него, фактот што продажбата на автомобили од оваа класа зафаќа многу мал удел на пазарот, не треба да ги загрижува љубителите на моделот. Покрај тоа, „Mustang“ е најпопуларниот спортски автомобил во светот.

