16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот соборува рекорди, цената достигна над 34.500 долари

Биткоинот соборува рекорди, цената достигна над 34.500 долари

Цената на биткоинот во неделата достигна нов рекорд од над 34.500 долари во готово, продолжувајќи го своето брзо движење нагоре од 2020-та година.

Утрово, биткоинот забележа благ пад од околу 12% (околу 30.000 долари), откако некои од големите инвеститори решија да ги земат своите профити.

Само во првите неколку дена од новата година крипто-валутата порасна за повеќе од 5.000 долари откако цената се зголеми за четири пати во 2020-та година.

Втората најтргувана криптовалута – Ethereum, забележа уште посилен раст од 465% во текот на изминатата година.

Според аналитичарите цитирани од „ВBС“, биткоинот ќе продолжи да расте во 2021-ва година, ако продолжи трендот на опаѓање на американскиот долар.

Во март 2020-та година, американската валута се намали за кратко, со што стана „прибежиште“ за инвеститорите среде првиот бран на пандемијата со Ковид-19, но после тоа започна да се амортизира како резултат на невидениот економски стимул во Соединетите држави.

Доларот ја заврши 2020-та година со најсилниот годишен пад од 2017-та година.

Од своја страна, биткоинот добива популарност поради ограничената понуда, на што не влијае „печатењето пари“ од страна на централните банки. Покрај тоа, криптовалутата сè повеќе се користи како легитимно платежно средство.

Минатиот октомври, „PayPal“ објави дека ќе прифати плаќања со биткоин.

Сепак, главниот ризик на пазарот на криптовалути останува високата нестабилност. Многу аналитичари предупредуваат дека поради наглиот пораст на цените во последните месеци, последователното прилагодување на цените ќе биде исто толку големо.

Во 2017-та година, биткоинот достигна рекордни 20.000 долари во тоа време, а потоа се најде во продажба и се сруши на 3.300 долари во готово.

Во октомври минатата година, гувернерот на Банката на Англија, Ендру Бејли издаде предупредување за ризиците што произлегуваат од усвојувањето на биткоинот како платежно средство.

Според него, сè уште е неизвесно која е внатрешната вредност на криптовалутата и дали воопшто има.

Според него, плаќањата со биткоин продолжуваат да носат многу висок ризик главно поради нестабилноста на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП