28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА8 позитивни промени кои ги донесе лошата туристичка година

8 позитивни промени кои ги донесе лошата туристичка година

Голем број туристички работници останаа без работа, авиокомпаниите ширум светот се потпираат на државна помош, патници кои останаа без пари поради откажаните аранжмани.

Поради сето ова, фер е да се каже дека 2020 година беше исклучително предизвикувачка за светскиот туризам, но исто така имаше и некои позитивни работи поради затворените граници на земјите низ целиот свет.

Од крај на прекумерниот туризам, до еколошките придобивки од намалениот воздушен сообраќај, изненадувачки има многу причини да се радуваме оваа година, со многу реална надеж дека нашиот став кон патувањата може да се промени во иднина.

Ова се осумте позитивни работи и промени од лошата туристичка година:

Крај на прекумерниот туризам

Препандемискиот прекумерен туризам стана толку важно прашање што Оксфордскиот речник на англиски јазик го прогласи за еден од зборовите на 2020 година.

Официјалните лица се обидоа да го намалат бројот на посетители на познати знаменитости како што се Мачу Пикчу и Таџ Махал, се со цел да ги зачуваат.

Локалните жители во Венеција, Барселона и Дубровник го осудија фактот дека нивните градови станале невозможни за управување и се екстремно скапи за живеење.

Иако падот на бројот на туристи несомнено влијаеше на економијата, крајот на прекумерниот туризам, иако најверојатно привремен, им даде на ваквите дестинации можност да се опорават.

Кога Венеција на кратко се отвори во текот на летото 2020 година, рибите кои пливаа во кристално чистите канали и помирната атмосфера беа само некои од благодетите што ги почувствуваа.

Поттикнување на домашниот туризам

Рестриктивните мерки за борба против коронавирусот, кои вклучуваа затворање на границите и забрана за движење и карантин за секој што доаѓа или се враќа од некоја земја, ги натераа луѓето да се свртат кон туристичките дестинации во нивната земја.

Овој мини бум на домашни патувања значи дека хотелите и сместувањата не се толку погодени колку што се стравуваше, додека луѓето сфатија дека не мора да летаат 12 часа кога сакаат да одморат.

Придобивки од животната средина

Првата половина на 2020 година забележа пад на емисиите на СО2 од 8,8% во споредба со истиот период во 2019 година, што е уште поголемо од намалувањето за време на финансиската криза од 2008 година и кризата од 1970-тите.

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, поради намалувањето на бројот на патници за 67%, авиокомпаниите беа принудени да слетуваат авиони, што има низа придобивки за животната средина.

Прашањето е, дали ова може да се одржи кога ќе можеме повторно да патуваме слободно?

Природата се опоравува

Со драстично помалиот број на туристи и падот на емисиите на големите загадувачи, во 2020 година природата уживаше во краток одмор.

Добри туристички понуди

Со ограниченото патување во 2020 година, хотелите и туристичките работници настојуваат да имаат неверојатни понуди за патувања и сместување во 2021 година.

Во САД, хотелите Ace ги намалија цените на сместувањата за 50% на сите локации до 31 август, а Hyatt за 20% до месец април.

Максималната флексибилност исто така стана клучен дел од најдобрите туристички понуди. Многу туристички агенции сега дозволуваат целосно откажување на аранжманот само 31 ден пред поаѓањето.

Враќање на „бавното“ патување

Ова го опишува тур-операторот „Responsible Travel“ како „Milestone Travel“: враќање на начинот на кој одмаравме, одевме на подолги патувања на едно место и навистина ја истражувавме дестинацијата, а не само да одиме од една на друга знаменитост за време на викендот.

Изминатата година им овозможи на патниците и туристичките работници да го разгледаат овој пристап кон туризмот, така што фокусот ќе биде насочен кон обезбедување на поодржливи одмори кои ќе им помагаат на локалните заедници.

Нови видови на годишни одмори

Хотелите и разните туристички сместувања ја форсираат идејата дека можете да комбинирате работа и одмор со одење на патување, на тој начин што ќе работите од хотелската соба, а исто така ќе се вкпуштите во истражување како што би правеле кога сте на одмор.

„Дигиталните номади“ со години ја практикуваат оваа комбинација на работа и задоволство.

Крај на крстарењето како што го знаеме

Крстарењата секако немаа толку добра репутација и пред пандемијата од Ковид-19.

Меѓународната асоцијација за крстарења (CLIA) вети дека ќе бидат воведени задолжителни тестови пред качувањето за сите патници и членови на екипажот, додека капацитетот ќе биде ограничен некое време.

Во меѓувреме, бесплатно вклучената храна и пиење ќе остане во минатото, поради безбедноста на патниците. Трендот кон помалите бродови исто така може да помогне во одржувањето на ранливите екосистеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП