25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмалку 100 милиони компјутери сè уште користат „Windows 7“

Најмалку 100 милиони компјутери сè уште користат „Windows 7“

„Windows 7“ ја изгуби продолжената поддршка од „Microsoft“ на 14-ти јануари 2020-та година и по овој период само деловните корисници можеа да плаќаат повисока цена за да продолжат да добиваат поддршка за оперативниот систем.

Според аналитичката фирма „StatCounter Global Stats“, „Windows 7“ во ноември имаше удел на пазарот од 17,6 проценти. Ова е всушност зголемување од скоро еден процент во споредба со октомври. „Windows 10“ во тој период држеше 75% од пазарот.

„NetMarketShare“ бележи слична статистика и според компанијата „Windows 7“ во октомври имал удел на пазарот од 21% додека „Windows 10“ имал 74 процентен удел на пазарот.

Според анализите, гејмерите сепак претпочитаат понови верзии на „Windows“. Најновата анализа на „Steam Survey“ покажува дека 89% од корисниците доаѓаат од платформата „Windows 10“, додека само пет проценти од нив доаѓаат од „Windows 7“.

Цените за продолжување на добивањето ажурирања за „Windows 7 Enterprise“ и „Windows 7 Pro“ ќе се зголемат во наредните месеци, што може да доведе до намалување на употребата на застарената платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП