26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tiffany“ и „LVMH“ се сè поблиску до финализирање на нивниот договор

„Tiffany“ и „LVMH“ се сè поблиску до финализирање на нивниот договор

Празничниот благослов што акционерите на „Tiffany & Co“ го дадоа за продажба на компанијата на „LVMH“, го позиционираше крајно контроверзниот договор кон крајот. Сето ова ќе му даде на милијардерот Бернард Арно долгогодишната можност да ја прошири својата глобална колекција луксузни брендови, пишува „Bloomberg“.

„Tiffany“ ќе биде отстранета од индексот на акции „S&P 500“ по одобрувањето на зделката, објавија индексите на „S&P Dow Jones“. Компанијата во индексот ќе биде заменета со „Enphase Energy“. На виртуелна средба, акционерите на „Tiffany“ главно гласаа во корист на договорот, според „LVMH“. Трансакцијата, проценета на скоро 16 милијарди долари, се очекува да биде финализирана на почетокот на 2021-ва година.

Гласањето беше клучен чекор во целогодишната сага за најголемата аквизиција во индустријата за луксузни стоки. Матичната компанија на „Louis Vuitton“ соопшти дека ќе го купи култниот производител на накит пред да се обиде да се повлече од зделката кога пандемијата на Ковид-19 ги погоди трговците на мало.

Ова доведе до тужба од страна на „Tiffany“ и размена на прилично груби зборови меѓу страните. На крајот, двете компании се согласија за купување по значително пониска цена.

„LVMH“ сега се соочува со предизвикот да ја интегрира „Tiffany“. Промените во компанијата за накит може да вклучуваат преглед на производи, ланец продавници и поагресивна стратегија за дигитален маркетинг, велат аналитичарите. Можни се и промени во управувањето, бидејќи Арно има намера да стави своите доверливи луѓе на чело на новите компании за засилување на контролата.

Во октомври, двете страни објавија дека постигнале договор – „LVMH“ ќе ја купи „Tiffany“ за 131,50 долари по акција, помалку од првично ветените 135 долари. Акциите на „Tiffany“ во средата во Њујорк останаа речиси непроменети на 131,35 долари, а од почетокот на годината забележаа пад од 1,7%.

„Tiffany“ го обвини „LVMH“ за нечесна тактика кога француската страна првично се откажа од аквизицијата. „LVMH“ ја обвини „Tiffany“ за лошо управување за време на пандемијата, кога неразумно дистрибуираше дивиденда.

Како и другите компании, „LVMH“ се соочи со пад на продажбата поради пандемијата. Кина подоцна го предводеше закрепнувањето на побарувачката на потрошувачите, а „Bain & Co.“ предвидува дека пазарот за лични луксузни добра може да порасне до 19% во следната година. Но, индустријата веројатно ќе закрепне до крајот на 2022-ра или 2023-та година, според „Bain“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП