19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот расте трендот на last minute резервациите

Во светот расте трендот на last minute резервациите

leto

На најважните туристички пазари во светот и оваа година продолжува трендот на резервации во последен момент или „last minute“. Тие го сочинуваат најголемиот дел од вкупните резервации за летување, а меѓу првите десет води Русија. Жителите на оваа земја на овој начин односно на еден месец пред заминувањето на одмор минатата година резервирале 73 проценти од своите патувања.

Овие резултати ги покажа најновата анализа за навиките за резервација на патувањата и одморите – „IPK International World Travel Monitor“ која е направена по нарачка на најголемата светска туристичка берза „ITB Berlin“, а за нив ја изработи истражувачката куќа „IPK International“.

За рускиот пазар во таа анализа се наведува дека навиката за доцно резервирање или резервација во последен миг се уште е популарна и во последните пет години овој тренд не се променил, а таквиот тренд се очекува и оваа година.

Во истата категорија се наоѓаат и италијанскиот и кинескиот пазар, но кај нив за разлика од Русија, трендот со „last minute“ резервациите се намалува.

Италијанците во 2008-та година скоро 70 процнети од резервациите ги резервирале во последен момент, а пак во 2012-та таа бројка се намали на 64 проценти. Во Кина бројот на „last minute“ резервациите од 73 проценти во 2008-та падна на 62 проценти во 2012-та.

Благ пораст во трендот на таквото резервирање на патувањата и одморите забележаа Јапонија и Франција, но кај нив како што велат аналитичарите со удели од 58 односно 53 проценти трендот е на релативно ниска граница.

Следува Германија каде уделот на „last minute“ резервациите бил 46 проценти, што според аналитичарите е релативно високо, но под просекот на другите западноевропски земји.

Од дурга страна меѓу туристите кои најмногу ги сакаат раните резервации се холанѓаните чии туристи 33 проценти од своите резервации ги прават четири или повеќе месеци пред заминувањето, а голем процент на таквите резервации или од 29 и 28 проценти е забележан во Германија и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП