24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја мина и границата од 29.000 долари

Биткоинот ја мина и границата од 29.000 долари

Цената на биткоинот достигна нов рекорд откако на последниот ден од 2020-та година накратко го премина прагот од 29.000 долари без да покаже знаци на забавување.

Најголемата криптовалута според пазарната капитализација достигна цена од 29.292 долари за време на тргувањето во Хонг Конг. Неколку минути по 11 часот македонско време, се тргуваше со 28.886,85 долари, што е раст од 4,6% за последните 24 часа, според податоците на „CoinDesk“.

Биткоинот порасна за 50% во декември и се подготвува да го забележи својот најголем месечен раст од мај 2019-та година.

„Клучот за овој раст е што траеше неколку недели“, рече Мет Лонг од платформата за дигитални средства „OSL“.

Цената на биткоинот се заголеми за четирипати од почетокот на годината во услови на глобална пандемија на коронавирусот. Во исто време, индексот „Bloomberg Galaxy Crypto“, кој ги следи големите дигитални валути, порасна за 280% како што пораснаа и другите водечки криптовалути, како што е етерумот.

Растот на биткоинот продолжува да ги дели мислењата меѓу оние кои сметаат дека криптовалутата е засолниште од слабиот долар и ризикот од инфлација и оние кои ја доведуваат во прашање шпекулативната природа на средството со оглед на неговите циклуси на силни подеми и падови.

Регулаторните проблеми исто така остануваат фактор за инвеститорите во крипто-валути. Претходно овој месец, Комисијата за хартии од вредност на САД ја обвини „Ripple Labs Inc.“ и нејзиното раководство за заблуда на инвеститорите во врска со токенот „рипел“.

Цената на криптовалутата падна за 70% овој месец и се очекува притисокот да продолжи откако „Coinbase“ стана друга берза која има намера да престане да тргува со средството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП