22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдлична година за дигиталната валута: Биткоинот со рекордна цена ја затвора 2020...

Одлична година за дигиталната валута: Биткоинот со рекордна цена ја затвора 2020 година

Освен во оваа криптовалута, инвеститорите во 2020 година масовно инвестираа во злато, бакар, литиум, па дури и сребро.

Најпопуларната алтернативна валута – биткоин, напредуваше брзо оваа година, како и некои други поризични средства.

Сепак, златото е старо „безбедно пристаниште“ со кое нема грешка, но зошто има толку растечка доверба во дигиталната валута?

До 2020 година, малку се зборуваше за биткоинот, по неговите падови и ненадејни растови од минатото, но како што започна здравствената и економската криза на Ковид-19, на инвеститорите им стана јасно дека берзите се немирно море и дека конвенционалните валути не се отпорни на промени.

Земете го на пример американскиот долар, најраспространетата странска валута во светот, која драстично ослабе во 2020 година: беше под влијание на влошената состојба во САД, поради коронавирусот, но и економските проблеми, трговските тензии, „борбата“ на Трамп и Бајден пред крајот на годината.

Биткоинот се појави како „валута на иднината“, што, според Макс Кајзер, може да ги замени фиат парите и да ја осветли неговата „мрачна страна“. Дали светот е подготвен да стане општество без готовина? Шведска е на добар пат да го постигне тоа.

Покрај тоа, во Велика Британија сега е можно да се конвертираат биткоините на дури 16.000 банкомати во земјата.

Денес, на 31 декември, најпознатата криптовалута, чиј творец сè уште не е познат во јавноста под вистинското име, вреди повеќе од 29 000 долари, а тој тренд веројатно ќе продолжи и во наредните месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП