26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилипче: Во февруари ќе ги добиеме првите дози од вакцината на „Фајзер“

Филипче: Во февруари ќе ги добиеме првите дози од вакцината на „Фајзер“

Република Северна Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината на „Фајзер“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.

„Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на ‘Фајзер’ ќе пристигнат во март и април“, нагласува Филипче.

Тој воедно додава дека Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковкакс-механизмот, од каде што се очекуваат распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

„Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, вели министерот, кој додава и дека во текот на јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на вакцините и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП