25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 493 заразени со Ковид-19, починаа 15 лица

Нови 493 заразени со Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8 и еден во Демир Хисар.

Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Неготино-19 и еден од Ресен.

Починати се 15 лица – четворица пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56 години), еден од Куманово (35), двајца од Струга (75 и 64 години), еден од Велес (70), двајца пациенти од Битола (70 и 56 години), еден од Охрид (80), еден од Кавадарци (73), еден од Богданци (63), еден пациент од Крива Паланка (65) и еден пациент од Неготино (67). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.794, бројката на оздравени пациенти е 60.706, на починати е 2.488, а бројот на активни случаи изнесува 19.600. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35.747, активни 11.373

• Куманово 4.725, активни 604

• Дебар 617, активни 109

• Штип 3.291, активни 258

• Прилеп 4.194, активни 566

• Тетово 4.735, активни 849

• Струга 2.017, активни 332

• Велес 2.750, активни 482

• Битола 3.009, активни 543

• Охрид 2.405, активни 589

• Кавадарци 2.098, активни 561

• Гостивар 3.368, активни 562

• Гевгелија 1.159, активни 296 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 196 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2.298, активни 618

• Крива Паланка 616, активни 117

• Радовиш 611, активни 113

• Крушево 163, активни 71

• Кочани 1.588, активни 235

• Пробиштип 445, активни 43

• Демир Хисар 235, активни 40

• Македонски Брод 215, активни 26

• Пехчево 154, активни 31

• Берово 495, активни 47

• Валандово 309, активни 65

• Виница 443, активни 60

• Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 193, активни 20

• Свети Николе 1.036, активни 102

• Кичево 1.566, активни 234

• Ресен 639, активни 139

• Неготино 1.008, активни 314 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.366 теста се преку: ИЈЗ – 426, ЦЈЗ Скопје – 56, „Авицена“ – 245, „Биотек“ – 181, МАНУ – 142, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 109, „Систина“ со PCR-метода – 183, лабораторија „Лаор“ – 42, Судска медицина – 7, ЦЈЗ Битола – 64, Инфективна клиника – 2, ГАК – 8, „Синлаб“ – 29, „Ремедика“ – 11, лабораторија во болницата во Козле – 16, ЈЗУ (рапид-тест) – 845. Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП