25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСовети од Алберт Ајнштајн

Совети од Алберт Ајнштајн

ajnshtajn

“Секој е генијалец. Но ако и судиш на риба врз основа на нејзината способност да се качи на дрво, ќе го потрошиш целиот свој живот во убедувањето дека таа е глупава” – рекол Ајнштајн.

Една милијарда риби секој ден се обидуваат да се искачат на дрво. Само погледнете во вашето животно опкружување, канцеларијата и пријателите, сите тие луѓе кои целиот свој живот храбро се обидуваат и ништо не постигнуваат!

 

Алберт Ајнштајн своевремено кажал неколку корисни совети:

 

1. “Јас немам некои посебни таленти. Јас сум само многу љубопитен”- Користете ја вашата страстна љубопитност! – Како да започнете? Користете ја свеста и смиреноста. Слушајте се себеси, вашите сетила и интуиција!

2. “Секој човек кој вози внимателно додека бакнува убава девојка едноставно не обрнува внимание на тој бакнеж како што треба” – Дали ви е познато ова? Фокусирајте се на сегашноста и не дозволувајте да ги занемарите работите кои се подеднакво важни.

3. “Настојувајте да не бидете успехот, туку да создадете вредност” – Рибата која е приземна, прибрана, знае дека обидот да се искачи на дрво е губење на време. Паметна риба оди во вода, тоа е местото каде што се осеќа своја.

4. “Имагинацијата е сè. Таа е преглед на сите претстојни животни атракции. Имагинацијата е поважна од знаењето” – Имагинацијата е највисоката форма на истражување. Слушнете ја интуицијата и следете го она што го чувствувате во своето срце.

5. “Секоја будала може по нешто да знае. Поентата е во разбирањето на работите” – Секоја будала знае дека рибата нема да се искачи на дрво, но за да ги разберете последиците и да направите поинаков избор … тоа е момент кога вашата свест влегува во сила!

6. “Најубавото искуство што може да го доживееме е она мистериозното” – основата на сите емоции кои стојат во лулката прават вистинска уметност и вистинска наука. Дали во вашиот живот има простор за мистерија! Ако не, под итно да го промените тоа.

7. “Во средината на тешкотија лежи можност” – Ако сме свесни дека со надминување на некои тешки ситуации на крајот ќе стигнеме до невообичаено искуство, тоа е област во која рибата сфаќа дека обидот да се искачи на дрво е прилично глупава идеја. Имајќи свест за реалноста, ќе ја видите водата, што е многу пореално решение.

8. “Малкумина се оние кои гледаат со своите очи и чувствуваат со своето срце” – Ако сите риби околу нас очајно се обидуваат да се искачат на дрво, поголем предизвик е да се види со свои очи дека овој напор ќе биде без резултати. Нашето чувство е пресудно. Свеста поминува долг пат за да ни даде храброст за конечно да го направиме она што треба.

9. “Интуитивниот ум е свет подарок, а рационалниот ум е верен слуга. Ние направивме општество кое го слави слугата а  го заборава светиот подарок” –  Свеста ни помага да ја развиеме способноста да се водиме по својата интуиција. Кога би се држеле сите по ова правило, замислете ги резултатите!

10. “Животна трагедија е она што умира во еден човек додека тој сеуште е жив” – Само колку пати сме умреле однатре додека очајнички сме се обидувале да направиме нешто што искрено не сакаме! Развивајте ја својата свест, започнете да живеете живот!

11. “Научете ги правилата, и тогаш ќе играте подобро” – Треба да ги научите правилата на игра, за потоа да играте подобро од другите. Ќе носите подобри одлуки и за себе и за оние околу вас.

12. “Мерката на интелигенција е способност на човекот да се промени” – Ќе морате да направите нешто што можеби не ви е карактеристично како пливањето во сопствениот рибник, или можеби во големиот океан. Она што ќе ви помогне да ги направите потребните промени, се разбира е вашата свест!

 

Свеста не е лек, но таа сигурно помага !

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП