24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриската економија ќе се врати на нивото пред кризата на крајот на...

Австриската економија ќе се врати на нивото пред кризата на крајот на 2022-ра година

Австриската економија ќе го достигне нивото пред кризата на крајот на 2022-ра година, според прогнозата на Националната банка на Австрија (OeNB).

По негативниот раст на БДП од минус 7,1 процент во тековната година, OeNB очекува следната година да заврши со раст од 3,6 проценти. Потоа, за понатамошните години, тие предвидуваат раст од 4,0 и 2,2 проценти.

Само на крајот на 2022-ра година ќе се достигне нивото на раст од пред коронакризата.

„Австрија ја помина оваа криза подобро од другите земји. Мерките за поддршка на владата работеа и ја поддржаа австриската економија во оваа тешка фаза“, рече гувернерот на „OeNB“, Роберт Холцман.

Тој очекува дека несолвентноста на компаниите ќе се зголеми во одредени сектори во текот на следната година и додаде дека досега е избегнат растот на банкроти, како и експоненцијалниот раст на невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП