21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот е на чекор да го забележи најсилниот месец од мај 2019-та

Биткоинот е на чекор да го забележи најсилниот месец од мај 2019-та

Биткоинот, најголемата криптовалута во светот, е на пат да ја заврши годината на ново највисоко ниво, според „Bloomberg“.

Цената на дигиталната валута скокна на над 28.500 долари во средата на рекордно високо ниво, продолжувајќи го растот во декември, во кој порасна за 47%.

Денес, цената на биткоинот се зголеми за 6,2% на 28.572,10 долари во азиското тргување и е на пат да го забележи најголемиот месечен раст од мај 2019-та година.

Цената на биткоинот оваа година скоро се зголеми за четири пати, во услови на глобална пандемија на коронавирусот, додека поширокиот индекс „Bloomberg Galaxy Crypto“, кој ги следи главните дигитални валути, порасна за 270 проценти, бидејќи исто така се зголемија и конкурентите како етерумот.

Најновиот скок на цените продолжува да ги дели мислењата меѓу оние кои криптовалутите ги сметаат за заштита од слабиот долар и ризикот од инфлација и други кои ја доведуваат во прашање валидноста на биткоинот како класа на средства, со оглед на неговата шпекулативна природа и циклуси на силен бум и остар колапс.

„Можеме да видиме зголемен интерес за малопродажба на биткоинот како форма на дигитално злато“, рече Паоло Ардоино, главниот технолошки директор на крипто-берзата „Bitfinex“.

Регулаторните проблеми, исто така, остануваат главен фактор за крипто-инвеститорите. Комисијата за хартии од вредност овој месец ги обвини „Ripple“ и нејзините врвни директори за заблуда на инвеститорите со незаконско издавање хартии од вредност во форма на продажба на „XRP“.

Иако „Ripple“ планира да се жали на суд, жалбата на регулаторот ја потенцира можноста за построг надзор на дигиталните средства.

Третата најголема криптовалута според пазарната капитализација, „XRP“, пропадна за скоро 70% во овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП