2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобриот индиски лек: Мирисот на темјан го зголемува имунитетот, го враќа спокојот!

Најдобриот индиски лек: Мирисот на темјан го зголемува имунитетот, го враќа спокојот!

Низ целата историја на човештвото, темјанот е употребуван при лекување на најразлични болести, а притоа не се забележани буквално никакви нуспојави.

Токсиколошките истражувања во поново време, исто така покажале дека екстрактите од темјанот се безбедни како за надворешна употреба, така и за внатрешна употреба.

Активните состојки од оваа билка се монотерпени, дитерпени, сесквитерпени, јаглеводороди и босвелинска киселина. Се смета дека токму босвелинската киселина, од билката темјан се одликува со против-воспалителни и аналгетски својства.

Влијанието на темјанот се покажало како делотворно и кај тумори на мозокот и неколку видови на карцином.

Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лечење на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста. Запалената смола од темјан има доста интензивен мирис, па кај одредени личности може да предизвика и непријатност.

Се смета дека со инхалирање или едноставно вдишување на маслото од темјан може да ги ублажиме проблемите со дишењето како што се алергиите, астмата, бронхитисот, синуситисот, настинките, итн. За овој експеримент е доволно да се накапе масло од темјан на дланката, па во текот на денот неколку пати да се вдишува.

Уште еден обичај на жителите во Индија е џвакањето на темјан за подобро здравје на забите и усната празнина. Поради своите антимикробни својства, се верува дека темјанот ги спречува инфекциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП