20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРедок феномен: Во вселената фотографиран Ајнштановиот прстен

Редок феномен: Во вселената фотографиран Ајнштановиот прстен

Вселенскиот телескоп Хабл неодамна сликаше неверојатна глетка на небото – совршен пример на Ајнштановиот прстен.

Официјалното име на оваа астрономска појава е GAL-CLUS-022058s, но овој колоквијален назив, како и прекарот „растопен прстен“, многу подобро објаснуваат за што станува збор.

Како што пренесува Universe Today, овој феномен, познат и како гравитациона леќа, навистина личи како прстен од стопен метал, а во прашање е соѕвездието „Хемиска печка“, во кое светлината на екстремно далечната галаксија завиткува многу поблизок збир на галаксии. Феномен поради кој можеме да видиме за нас невидливи објекти.

Една од предностите на гравитационата леќа е што научниците можат многу подобро да ги проучуваат далечните галаксии, кои не можеме да ги видиме на кој било друг начин. Поблиските галаксии делуваат како природни космички леќи, виткајќи ги патеките на светлината благодарение на нивната гравитација.

Според НАСА, овој новооткриен GAL-CLUS-022058 е најголемиот Ајнштајнов прстен некогаш откриен во нашиот универзум. Патем, тој е именувано по Алберт Ајнштајн, бидејќи, во рамките на неговата општа теорија на релативитет, тој претпостави дека такви гравитациони леќи постојат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП