16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје Зоо со отчет за сработеното во последните две и пол години

Скопје Зоо со отчет за сработеното во последните две и пол години

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети.  Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

Ова  е дел од она што е направено во изминатиот период:

  • Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште
  • Поставени се нови тоалети на две локации
  • Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети
  • Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.
  • Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза
  • Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини
  • Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите
  • Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години
  • Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци
  • Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати,  ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.
  • Ново брендирање на влезот на градината
  • Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите
  • Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните
  • Едукативни програми и Zoo keepers talk за  викенди
  • Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени
  • Нови летниковци
  • Јуниор авантура парк за деца  
  • Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.
  • Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните
  • Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина

“Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје”, се вели во соопштението.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FZooSkopje%2Fvideos%2F2742345416017702%2F&show_text=true&width=560

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП