23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеизвесна трката за најпродаваниот автомобил во Европа

Неизвесна трката за најпродаваниот автомобил во Европа

Резултатите од продажбата кои опфаќаат 44 европски земји покажуваат дека „Renault Clio“ во моментов води во трката пред бестселерот на „Volkswagen“.

Според податоците објавени од специјализираниот сајт „focus2move.com“, во текот на 11-те месеци од 2020-та година, на пазарите во 44 европски земји, од Португалија до Русија, продадени се вкупно 314.357 модели на „Renault Clio“, со годишен раст од 2,9%.

На второ место е „VW Golf“ со испорачани 283.614 примероци и пад на продажбата од 34,4%.

Третата позиција ја држи друг „Volkswagen“, моделот „Polo“. Во текот на 11 месеци продадени се 225.941 автомобили (-27,5%).

Интересно е што моделот на производителот од Волфсбург – „VW Tiguan“ исто така е на 4-та позиција. Во периодот јануари-ноември 2020-та година, 209.785 од овие возила биле продадени во Европа (-25,6%).

Петти е „Ford Focus“ (182,492; -19,2%) и шести е „Peugeot 208“ (178.970; -14,9%).

Меѓу 10-те најпродавани се: „Toyota Corolla“, „Nissan Qashqai“, „Renault Captur“ и „FIAT Tipo/Egea“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП