4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот се искачи до рекордни 28.000 долари

Биткоинот се искачи до рекордни 28.000 долари

Биткоинот го продолжи трендот на раст, надминувајќи ја неверојатната вредност од дури 28.000 долари.

Дигиталната валута вредеше повеќе од 20 000 долари само пред единаесет дена, а сега е поблиску од кога и да е до 30 000 долари.

Извонредниот раст на вредноста на биткоинот е резултат на инвестирањето во оваа и другите крипто-валути за време на пандемијата на коронавирусот и се очекува овој тренд да продолжи и во 2021 година. Фактот дека американскиот долар е сериозно слаб, го прави биткоинот исклучително привлечна валута.

Моменталната капитализација на биткоинот е околу 500 милијарди долари. Да потсетиме дека истражувачите на криптовалути веруваат дека пазарната капитализација на биткоинот може да достигне трилион долари во текот на 2021 година, ако инвеститорите сериозно ги сфатат овие пари.

Според Ентони Скарамучи, основач на Skybridge Capital, биткоинот се соочува со своите најдобри денови, но секогаш мора да има претпазливост за нови нестабилности, со оглед на историјата на оваа криптовалута чија вредност истовремено постојано паѓаше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП