11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија може да биде погодена од „стечајно цунами “

Германија може да биде погодена од „стечајно цунами “

Германската економија досега изгуби повеќе од 212 милијарди евра поради пандемијата со коронавирусот.

Се проценува дека до крајот на коронакризата загубата ќе изнесува 391 милијардИ евра, пишува германски „Welt“.

Економистите од германскиот институт за економски истражувања (DIW) го споредуваа предвидениот раст со таканаречениот потенцијален раст од 2020-та до 2022-ра година. Ова покажува колку германската економија би растела без пандемија.

Пресметките се базираат на претпоставката дека бројот на заразени навистина ќе падне на пролет и дека економијата потоа ќе започне да се опоравува.

„Ако не успееме значително да го намалиме бројот на заразени до март 2021-ва година, тоа би било катастрофа“, вели претседателот на „DIW“, Марсел Фрачер. Веднаш штом ќе исчезне државната помош, „стечајно цунами“ може да ја погоди Германија.

Тој наведува дека повеќето невработени луѓе во тој случај би било многу тешко да најдат нова работа и дека побарувачката значително ќе опадне низ цела Европа.

„Германија е во голема мера зависна од еврозоната, па затоа треба да поминат години за да се опорави Европа, а особено Германија“, вели Фрачер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП