3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Ријад ќе се прави метро вредно 22 милијарди долари

Во Ријад ќе се прави метро вредно 22 милијарди долари

metro

Саудиските власти на три конзорциуми им ја доверија изградбата на метрото во Ријад. Футуристичкиот проект е дело на архитектот Заха Адид, а се очекува цената на проектот да достигне 22 милијарди долари.

Ова стана познато откако синоќа на церемонија во саудиската престолнина официјално беше означен стартот за почеток на проектот. Тоа е вистински предизвик за градителите со оглед дека завршувањето на метрото е предвидено за по 56 месеци, или малку повеќе од 4 години.

metro1

За тоа време треба да бидат изградени шест линии и 176 км шини, како и постојки за автобуските линии кои ќе го поврзат со квартовите на градот. За оваа цел Властите соопштија дека ќе купат над 1000 нови автобуси.

Новата јавна патна мрежа треба да го олесни сообраќајот на Ријад во кој живеат над 6 милиони луѓе и само оваа година беа регистрирани 1.6 милиони возила.

metro2

Првиот конзорциум кој беше избран е американскиот „Bechtel Corp“. Тој доби покана за влез со 10 милијарди долари за изградба на две линии. Шпанската „Fomento de construcciones y contratas“ (FCC) ќе реализира три други линии со вредност од 7.88 милијарди долари. Таа е водечка компанија во конзорциумот  во кој учествуваат уште „BTP“, јужнокорејската „Samsung“, француските „Alstom“, „Freyssinet“ и „Setec“, холандската „Strukton“ и шпанската „Typsa“. Третиот конзорциум или 5.21 милијарди долари го доби италијанската „Ansaldo“.

metro3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП