15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, јави УХМР.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи. Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП