Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.
Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.

