25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто содржи Договорот за Брегзит?

Што содржи Договорот за Брегзит?

Европската Унија и Велика Британија денеска го објавија Договорот со кој се уредуваат трговската и другите видови на соработка од 1 јануари 2021 година.

Амбасадорите и пратениците на ЕУ од обете страни на Ла Манш во следните денови ќе се занимаваат со повеќе од 1.240 страници од „Договорот за трговија и соработка меѓу ЕУ и Велика Британија“. Предвидено е амбасадорите на ЕУ да се состанат во понеделник.

Со Договорот Велика Британија и понатаму ќе може да тргува со ЕУ без царини и квоти по истекот на транзицискиот период што истекува на 31 декември.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари годинава.

Сепак, Лондон изгуби многу погодности од членството. Тука влегува пристапот до водите за риболов и до пазарот за енергенси, како и размена на студенти.

Земјите-членки на ЕУ Договорот треба да го усвојат следната недела, додека британскиот Парламент ќе гласа в среда. Ако Договорот биде одобрен, тој на 1 јануари само привремено ќе стапи на сила, бидејќи мора да биде потврден од Европскиот парламент.

Европратениците претходно наведоа дека немаат доволно време за детално проучување на Договорот и оти за тоа ќе разговараат во јануари и февруари, доколку се се одвива без дополнителни тешкотии.

И покрај Договорот уште голем број прашања останаа неразјаснети, меѓу кои и безбедносната соработка, бидејќи Лондон нема да има пристап до европските полициски бази на податоци, како и пристап до европскиот пазар за финансиси услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП