ЕКОНОМИЈА

Бизнис центар за македонската дијаспора во рамки на ССК

image

„Бизнис центарот за македонската дијаспора“ почна да функционира во рамите на Услужната комора при Сојузот на стопански комори.

Целта е да се вмрежуваат што поголем број компании чие седиште се наоѓа надвор од Република Македонија и се управувани од страна на македонски бизнисмени во дијаспората со компании членки на Сојузот на стопански комори.

– Бизнис центарот за македонската дијаспора“ претставува мост кој ќе ги поврзува компаниите од Република Македонија и дијаспората.

Со своето делување ќе придонесува за зајакнување на деловната соработка која се базира на взаемен интерес и партнерски однос, изјави Данела Арсовска, претседател на Услужна комора при ССК.